За нас

Приказната за Алкалоид датира од пред 80 години, како една од најуспешните компании во Македонија од многу аспекти и е нераздвоен дел од мозаикот на целокупната економска слика во Земјава.

Алкалоид АД е водечка фармацевтска компанија во Македонија и една од водечките во регионот, со амбиција за понатамошен развој. Компанијата , покрај фармацијата, успешно раководи и со другите нејзини профитни центри - билкарство, козметика, хемија и раствори за хемодијализа.  

Како дел од Алкалоид АД е Профитниот центар - Хемија, Козметика и Билкарство со богата палета производи за широка потрошувачка. Фокусот на Профитниот центар е насочен кон производи со висок квалитет, градење добри односи со потрошувачите и снабдувачите, промоција и продажба на постојните пазари, како и освојување нови.  

Одделот Билкарство произведува спектар на чаеви под брендот GOOD NATURE, здрава храна под брендовите GOOD NATURE ENERGY, зачини и сушени зеленчуци – GRINI, додатоци на јадењата – Зачинал, Хималајска сол, Морска сол, Јодирана сол и најновиот бренд на додатоци во исхрана и гранични производи Herbal.

Кои се нашите дејности
Обработка на билни суровини

Корени, листови, овошје, семе... Можностите за преработка ни овозможуваат производство на огромна палета хербален материјал, во внимателно контролирана средина.

Развој на нови производи

Способноста на секој производител на чај и билни препарати, лежи во уметноста на изнаоѓање вкусови, селектирање една или повеќе билки и формирање хармонични вкусови, истовремено зачувувајќи ја уникатноста на секоја од нив. Ригорозното оценување на вкусот, обезбедува добро мислење на потрошувачите за нашите производи.

Сертификати кои ги поседуваме
  • ISO 9001:2008;  
  • ISO 14001:2004; 
  • HACCP; 
  • GMP
Контрола на квалитет

Квалитетот на сите влезни билки и готови производи е обезбеден со контрола која се врши во нашата добро опремена лабораторија. Наша најважна цел е обезбедување производи со висок квалитет. Обезбедено е следење на сите производи почнувајќи од нивниот развој, преку приемот на сите влезни суровини и други материјали, па сè до излезот на готови производи во маркетите за широка потрошувачка.