Гавез гел

Гелот со гавез претставува транспарентен гел, со светлокафена боја и без мирис. Гелот со екстракт од корен од гавез содржи слуз, танини, сапонозиди и алантоин, кои имаат противвоспалително дејство, ја подобруваат епителизацијата, дренажата и регенерацијата на ткивата.

Поради овие дејства, гелот со гавез поволно дејствува на отоци, хематоми, скршеници, спортски повреди и на посттрауматски состојби

Производот е достапен во пакување од 100ml.

Гелот се препорачува само за надворешна употреба:
  • за олеснување на состојби со отоци;
  • за олеснување на состојби со хематоми;
  • за олеснување на состојби со скршеници;
  • за олеснување на состојби со спортски повреди;
  • за олеснување на посттрауматски состојби.
Препорачана дневна доза и начин на употреба

Гелот со гавез се нанесува во тенок слој на кожата три до четири пати во тек на денот, со лесно втривање. Гелот со гавез не смее да се нанесува на отворени и на инфицирани рани.

Ако по 10-дневно користење на гелот не се забележи подобрување на состојбата, Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

Гелот не смее да се употребува подолго од 4 до 6 недели во текот на една година.

Не се препорачува користење на кремот под 18-годишна возраст.