Бил-ол гел

Бил/ол гел се препорачува за:

Деца од 4- до 12-годишна возраст:
Во сад за инхалирање се сипува 250 ml врела вода (65оС) и во водата се става гел во должина од 1 cm. Пареата длабоко се вдишува низ отворена уста или низ нос во тек на 5–10 минути.
Постапката се повторува два до три пати на ден. Се препорачува да се избегнуваат нагли промени на температурата на воздухот по инхалирањето. Се препорачува да се користи инхалатор Bil-ol којшто е специјално анатомски дизајниран за поефикасна инхалација. Според потребата, се препорачува инхалирање со вдишување низ носната празнина или, пак, низ усната празнина.

Возрасни и деца постари од 12-годишна возраст:
При настинка гелот се нанесува и се втрива во пределот под носот и/или на градите и на грбот и намачканите места се затоплуваат.
Постапката може да се повтори два до три пати во тек на денот. Во сад за инхалирање се сипува 250 ml врела вода (65оС) и во водата се става гел во должина од 1 до 2cm. Пареата длабоко се вдишува низ отворена уста или низ нос во тек на 5–10 минути.
Постапката се повторува два до три пати на ден. Се препорачува да се избегнуваат нагли промени на температурата на воздухот по инхалирањето. Се препорачува да се користи инхалатор Bil-ol којшто е специјално анатомски дизајниран за поефикасна инхалација. Според потребата, се препорачува инхалирање со вдишување низ носната празнина или, пак, низ усната празнина. За олеснување на ревматски и на мускулни болки гелот се нанесува и се втрива во пределот на зафатените места и тие се затоплуваат. Постапката може да се повтори три до четири пати во тек на денот.

Производот е достапен во пакување од 20g.

Бил-ол гел се препoрачуваат за:
  • за олеснување на симптомите на настинка;
  • при воспаление на слузницата на носот и на синусите;
  • при затнатост на горните дишни патишта;
  • за олеснување на искашлувањето на густиот секрет;
  • за олеснување на симптомите на главоболка.