Кантарион гел

Гелот со кантарион претставува бистар и транспарентен маслен гел, со темно црвена боја и карактеристичен мирис. Активните состојки на екстрактот од жолт кантарион и маслото од јојоба поседуваат епителизирачко, против-воспалително и антисептично (против микроорганизми) дејство.

Поради овие дејства, производот се препорачува за олеснување на симптомите при појава на хемороиди, изгореници, лузни и за брзо зараснување на површински рани.

Маслото од јојоба го регулира создавањето на себумот, па е погодно за нега на мешовита кожа.

Производот е достапен во пакување од 50ml.

Гелот се препорачува само за надворешна употреба:
  • за олеснување на симптомите при појава на хемороиди;
  • при изгореници;
  • при лузни;
  • за побрзо заздравување на површински рани.
Препорачана дневна доза и начин на употреба

Гелот со кантарион се нанесува во тенок слој на кожата два до три пати во тек на денот, со лесно втривање.

Гелот со кантарион не смее да се нанесува на отворени и инфицирани рани.

Не се препорачува користење на гелот кај деца под 6-годишна возраст.