Жен Шен капсули

Коренот од женшен ја подобрува способноста на организмот за приспособување кон различни видови стрес.

Исто така, помага во подобрувањето на имунитетот, во регулацијата на гликозата во крвта, како и во регулацијата на липидниот статус и на холестеролот во крвта.

Коренот од женшен помага во стимулацијата на централниот нервен систем и ги подобрува телесните и умствените способности, концентрацијата и телесната издржливост.

Женшен помага во регулирањето на крвниот притисок и во нормалното функционирање на црниот дроб.

Производот е достапен во пакување од 60 капули.

Капсулите Женшен се препорачуваат за:
  • подобрување на одбранбената активност на организмот;
  • подобрување на издржливоста на организмот при потешка умствена и физичка работа;
  • ублажување на стресни состојби;
  • подобрување на работната способност и на концентрацијата;
  • подобрување на општата состојба на организмот;
  • подобрување на спортската активност.
Препорачана дневна доза и начин на употреба

За перорална употреба. Краткотрајна употреба: 1 до 2 капсули 2 пати на ден во тек на 15 до 20 дена.

Препорачано е капсулите да се земаат наутро 2 часа пред оброк и навечер 2 часа по оброк. Пред повторна употреба се препорачува пауза од 14 дена.

Долготрајна употреба: континуирано, по 2 капсули на ден.