Крем против хемороиди

Кремот што помага при хемороиди претставува светло жолт крем, со карактеристичен мирис. Кремот што помага при хемороиди претставува комплексна мешавина на билни екстракти, ментол и танинска киселина вградени во соодветна подлога.

Екстрактите од ајдучка трева, див костен и од камилица поседуваат противвоспалително, антиедематозно и антисептично (против микроорганизми) дејство со што ги ублажуваат тегобите настанати од хемороидите, посебно кај болната и воспалителна фаза.

Производот е достапен во пакување од 30g.

Кремот се препорачува само за надворешна употреба:
  • за олеснување на симптомите при појава на хемороиди
  • за олеснување на симптомите при хронична венска инсуфициенција (проширени вени)
Препорачана дневна доза и начин на употреба

Кремот што помага при хемороиди треба да се нанесува два пати во тек на денот, наутро и навечер.

Кремот не смее да се нанесува на отворени и на инфицирани рани.

Не се препорачува користење на кремот под 18-годишна возраст.