Примулин сируп

Сирупот Примулин содржи водни екстракти од јаглика и од тимјан коишто се надополнуваат со своите дејства и помагаат во олеснување на искашлувањето. Сирупот придонесува за нормално функционирање на респираторниот систем.

Активните компоненти во сирупот, покрај тоа што ги разводнуваат густите слузни секрети, поседуваат и противвоспалително и антибактериско дејство, при што помаагат во олеснување на состојбите при кашлица придружена со секрет.

Јагликата ја олеснува надразнетоста на горните дишни патишта, помага во разводнување на густите слузни секрети и на тој начин помага за нивно полесно искашлување.

Тимјанот содржи етерично масло и сапонини коишто помагаат за олеснување на искашлувањето на слузта од дишните органи. Присутниот тимол во етеричното масло на тимјанот има антисептично дејство (спречува развивање микроби) на дишните патишта, а помага и во смирување на грчевите во бронхиите.

Левоментолот предизвикува чувство на загреаност во грлото и ги олеснува симптомите на кашлицата.

Производот е достапен во пакување од 150ml.

Сирупот Примулин се препорачува :
  • за олеснување на искашлувањето;
  • за подобрување на функцијата на горните дишни патишта.
Препорачана дневна доза и начин на употреба

Деца од 4 до 12 години: 3 пати на ден по 1 дозирна лажичка (5 ml).

Возрасни и деца постари од 12 години: 4 пати на ден по 1 дозирна лажичка (5 ml).