Уринохербал

Капсули што придонесуваат за нормална функција на уринарниот систем.

Капсулите содржат екстракт од етерично маслo од вид на оригано (Origanum heracleoticum L.), што содржи активни компоненти карвакрол и тимол, што придонесуваат за нормална функција на уринарниот систем.

Етеричното масло од оваа билка има умерен диуреичен ефект и силно антибактериско дејство и делува бактерицидно на широк спектар на бактерии.

Неговата употреба се препорачува при циститис со хематурија и уретритис, а се користи и за третман на посттрауматски и статичен едем како и за иригација при бактериски и воспалителни заболувања на долниот дел на уринарен тракт.

Капсулите може да се користат и како заштита за уринарниот систем кај особи што се склони на чести уринарни инфекции.

Производот е достапен во пакување од 30 капсули.

Капсулите се препорачуваат за:
  • за одржување на нормална функција на уринарниот систем.
Препорачана дневна доза и начин на употреба
  • Првите 3-5 дена: 3 пати на ден по 2 капсули.
  • По 3-5 дена: 3 пати на ден по 1 капсула.