Капки Валериал

Капките Валериал содржат водно-етанолен екстракт од корен од валеријана. Коренот од валеријана има смирувачко и релаксирачко дејство. Помага за поттикнување на сонот, за смирување и за опуштање на мазните мускули.

Капките Валериал се препорачуваат за подобар сон, за подобрување на состојби на вознемиреност, за подобрување на состојби на менопауза, за подобрување на менталната способност и за релаксација на телото.

Производот е достапен во пакување од 30ml.

Капките Валериал се препорачуваат за:
  • подобар сон;
  • подобрување на состојби на вознемиреност;
  • подобрување на состојби на менопауза;
  • подобрување на менталната способност;
  • релаксација на телото
Препорачана дневна доза и начин на употреба

Возрасни и деца постари од 12 години: 3 пати на ден по 30 капки, во чаша со вода или на коцка шеќер.

При несоница се земаат 30 минути пред спиење.